Поранешната пратеничка и советничка во Град Скопје од СДСМ, Софија Куновска преку социјалните мрежи им порача на претставниците од партијата дека ќе се сликаат на избори.
-Ноторна непримерена лага е дека СДСМ е родово избалансирана партија. На било кое ниво да тргнете да анализирате, ќе дојдете до истиот заклучок. Особено на највисоките позиции во државата било на централно или на локално ниво. Само вие сликајте се. Ќе се сликате и на избори, пишува Куновска на Фејсбук.