Поранешната пратеничка на СДСМ Софија Куновска преку социјалните мрежи го искоментира изборот на СДСМ за носителите на пратеничките листи на партијата.
-Од носители на листи во коалицијата на СДСМ, 5 мажи и 1 жена. Толку од приказната за еднаква застапеност на половите, пишува Куновска на Фејсбук.
Пред само неколку дена, на 8-ми март Денот на жената, Зоран Заев на заедничка прес-конференција со Радмила Шекеринска истакна дека како партија се силно посветени на политики на целосна родова еднаквост.