Софија Куновска екс претседателката на градскиот скопски огранок на СДСМ, вечерва во „Само вистина“ во Канал 5 телевизија, го критикуваше изборот на Заев за старо-нов претседател на СДСМ, но и состојбите во партијата,па таа истакна дека во овој момент СДСМ е истребено од „поинаку-мислечките“,а во партијата нема простор за елементарна дебата.
Јас немам прилика за жал во партијата да ги разговарам овие работи, тоа е аномалија, затоа што не постои место за дискусија и она што е необјасниво е зошто никој во СДСМ не ги коментира овие состојби, вели Куновска.
-Јас немав никаков конфликт со ниту еден човек во СДСМ туку чуствував дека партијата треба да отвара простор за оние кои мислат поинаку, но во овој момент СДСМ е исребено од „поинаку-мислечките“, во СДСМ од она што било искусно и вредно и од оние луѓе кои биле дел од тие демократски процеси децении наназад останати се само неколкумина, критикуваше Куновска.
Куновска исто така критикуваше дека во СДСМ не постои елементарна дебата, којашто ќе може да отвори шанса за поинаков дијалог.