Македонските граѓани се свесни дека дишат отров. Велат дека загаденоста на воздухот и последиците од него се најголем проблем, но и најсериозната нивна грижа.
Во недостиг на мерки од надлежните, граѓаните се обидуваат да се заштитат себеси колку можат. Помладите купуваат маски, знаејќи дека тоа е само краткотрајно решение и дека нема голем ефект. Повозрасните очекуваат дека мерките треба да ги превземе државата.
КУРИР направи анкета меѓу граѓаните кои денес ги сретнавме на скопскиот плоштад.
Оценуваат дека воздухот кој го дишеме е отровен и испраќаат критики до надлежните институции кои ветуваа дека ќе превземат мерки, но не прават ништо.
Анкетата на КУРИР, погледнете ја во продолжение: