четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

КУРИР ДОЗНАВА: Ковачевски ќе ја образложи информацијата за францускиот договор, пратениците на ЛДП ќе гласаат ЗА, Трајанов може и да не се појави

КУРИР ДОЗНАВА: Ковачевски ќе ја образложи информацијата за францускиот договор, пратениците на ЛДП ќе гласаат ЗА, Трајанов може и да не се појави

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска ќе има свое обраќање на 81-та пленарна седница на Собранието, на чиј што дневен ред е точката „Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европската Унија на 30 јуни 2022 година“.

Со премиерот во собранието ќе бидат присутни и Бујар Османи и Бојан Маричиќ и според добро упатени извори на КУРИР тие ќе одговараат само на реплики на пратениците, додека Ковачевски ќе има свое обраќање.

На пратениците на СДСМ им е сугерирано никој да не се јавува за збор, додека пратениците на ЛДП ќе гласаат ЗА предлогот.

Според нашите информации, Павле Трајанов може и да не се појави на гласањето, додека Маја Морачанин од ДОМ веќе е познато дека се изјасни како против францускиот предлог.

Седницата е закажана за во 13:30 часот, додека претходно пред Собранието точно напладне ќе се одржи протест против овој предлог.

 

Најнови вести