Јавноста, а особено родителите се кренаа на нозе откако беше обелоденето постоењето на групата „Јавна соба“ на апликацијата Телеграм.
Во групата имало 7.400 корисници каде малолетници и возрасни објавувале, споделувале и коментирале интимни фотографии и видеа со порнографска содржина од малолетни девојчиња од Македонија.
Дел од жртвите сами се појавија во јавноста, но профилите на двајцата администратори и двајцата модератори се истражуваат од надлежните.
КУРИР преку свои неофицијални извори дојде до профилот на еден од модераторите во оваа ужасна група.
Како што дознаваме станува збор за маж од населба во Општина Кисела Вода, на околу 40-годишна возраст. Неговиот идентитет е познат до нашата редакција, но од оправдани причини тоа засега нема да го објавиме, несакајќи да наштетиме во истрагата.
Тоа што го дознавме за него е дека станува збор за женет човек и татко. Во групата „Јавна соба“ меѓу првите објавувал разголени фотографии од малолетнички.
Дел од неговите соседи го препознаа по фотографијата на социјалните мрежи. Во текот на вчерашниот ден бил пресретнат од родители на деца кои биле дел од групата, но ситуацијата не ескалирала.
Бидејќи вестите брзо се шират, а ова е мал град, поголем број на луѓе дознале дека токму ова лице стои зад „Јавна соба“. Го пронајдоа на социјалните мрежи и тука почнал хаосот.
Примајќи низа закани бил принуден да ги избрише сите свои профили на социјалните мрежи.
Редакцијата на КУРИР дојде и до неговиот телефонски број, преку апликацијата Вибер. На истиот не е достапен.
Се претставувал под псевдонимот „Вирус“ на кој е додадено и неговото презиме, кое е познато во нашата редакција.
Нашите извори велат дека фотографијата од истиот човек, на групата се појавила кај два телефонски броеви. На „Јавна соба“, овој скопјанец споделувал фотографии и модерирал преку два профили.
Денеска тој нема профил ниту на една социјална мрежа, на телефонот не е достапен, а содржините споделени од кај него по разни групи се избришани.
Се уплашил од фактот дека е откриен и од заканите кои му биле адресирани.
Очекуваме наскоро посочениот да падне во рацете на полицијата и да одговара за делата кои ги правел.
Чулев: Испратено барање до „Телеграм“ за податоците на членовите на „Јавна соба“
Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес конференција во министерството кажа дека околу 800 фотографии и видео материјали се споделени во групата „Јавна соба“ на „Телеграм“.
Со групата управувале двајца администратори и двајца модератори, за кои е испратено барање до „Телеграм“ за добивање дополнителни информации како и за сите членови на таа група коишто го прекршиле законот.