Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која изврши усогласување со законските прописи кои ќе бидат на сила од полноќ со што малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 7,96%.
Граѓаните кои на свој грб ги носат како терет сите поскапувања кои се случија изминатиов период, веднаш по соопштување на оваа одлука излегоа на бензинските пумпи.
Чекаат во големи редици да наполнат гориво во возилата бидејќи од утре тоа ќе можат да го направат по многу повисоки цени.
КУРИР излезе на терен да види каква е состојбата.
Фотографиите се на КУРИР.МК
Граѓаните коментираат дека се претераа сите граници со поскапувањата и дека со нашиот стандард на живот наскоро нема да можеме да си ги дозволиме ниту основните потреби.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 9,00 ден/лит, додека на безоловниот бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 9,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 9,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 8,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС останува иста.
Од 1.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 104,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 106,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 93,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 54,640 (денари/килограм)