петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

КУРИР ОБИКОЛКА ВО СКОПЈЕ: Граѓаните во паника точат гориво, бензинските пумпи во хаос, од РКЕ обвинуваат дека ова е воено профитерство! (ФОТО+ВИДЕО)

КУРИР ОБИКОЛКА ВО СКОПЈЕ: Граѓаните во паника точат гориво, бензинските пумпи во хаос, од РКЕ обвинуваат дека ова е воено профитерство! (ФОТО+ВИДЕО)

Хаос речиси владее во текот на последните неколку часа, започнувајќи од доцна попладнево низ целата земја, не само во Скопје.

Граѓаните со своите автомобили чекаат да наполнат гориво во страв дека истото ќе поскапи и до 10 денари во понеделник, а стапувајќи на сила по полноќ (вторник).

Екипа на КУРИР пред неколку минути беше во обиколка на неколку бензински пумпи на територија на Карпош, а сликата таму е иста како и низ целата земја.

Инаку и на социјалните мрежи се шират видеа од реки возила кои чекаат ред за да наточат бензин, а сликата потсетува како на првиот ден од војната во Украина пред точно една недела.

Најмногу  се споделуваат видеата од Штип и Куманово, погледнете.

Од компанијата Макпетрол преку соопштение до јавноста велат дека нема рестрикции и прекин во снабдувањето на гориво на бензинските пумпи.

„Макпетрол ги известува потрошувачите дека нема рестрикции и прекин во снабдувањето на гориво на бензинските пумпи на оваа компанија и покрај фактот дека во овој момент Макпетрол работи со загуба. Компанијата апелира до потрошувачите да не прават залихи од гориво поради безбедносни причини за да не ја загрозат опшштата безбедност на граѓаните .

Во текот на денот на бензинските пумпи на Макпетрол има редици колони автомобили кои сакаат да наточат гориво поради информации за зфолемување на цената на горивото“, стои во нивното соопштение до јавноста.

Корисниците на социјалните мрежи стравуваат дека можно е да останеме и без гориво, а дел од нив велат дека приватните бензински пумпи ги ограничувале литрите на точено гориво, се со цел да им остане истото и да го продаваат по поскапа цена од идната недела.

Нафтени деривати има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката, но дел од малите трговци не се однесуваат фер и ја ограничуваат понудата, со што оставаат впечаток дека нема гориво, изјавија за МИА од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

– На тој начин си прават „залиха“, која би ја продавале по нови цени што на некој начин во услови на криза е воено профитерство, посочуваат од РКЕ.

Од Комисијата нагласуваат дека во текот на денешниот ден добиле укажувања од поголем број потрошувачи дека одредени трговци на мало со нафтени деривати ја ограничувале количината, односно сумата до која го продаваат горивото што се точи во автомобилите.

– Некои бензински пумпи дозволувале до 500 денари да може едно возило да наполни гориво. Други пак не дозволуваат гориво да наполнат камионите. За состојбата РКЕ го извести Државниот пазарен инспекторат веднаш да ги засили контролите на терен кај трговците и да се оневозможи вакво непазарно однесување кое е недозволиво и забрането. Вештачки се нарушува пазарот и се прекршуваат основните принципи за сигурност во снабдувањето со енергија, додаваат од РКЕ.

Најнови вести