Со традиционалното дефиле под маски, кои на сатиричен начин ги прикажуваат случувањата во јавниот и политичкиот живот, како во земјава, така и во странство за изминатата година, денеска напладне се одржа официјалниот дел од Вевчанскиот карневал.
Вевчани денеска и утре буквално наликува на театар на отворено, организиран од двете василичарски друштва Горна и Долна маала на чело со зетот, невестата, двата ѓаволи и глупавите Августи.
Карневалот во Вевчани има традиција од пред 1400 години. Манифестацијата во малата општина во Македонија не е единствен пример за карневалската традиција на овие простори.
Обичаи, традиција, сатира, песни, мaски, вера, паганство… Ова може да се види и почувствува во Вевчани денес и утре во оваа мала општина во Македонија, во близина на Струга која за миг се претвора во европски, но и светски карневалски центар.
„Вевчанскиот карневал” за кој се верува дека има 14 вековна традиција се одржува во деновите кога по стариот јулијански календар се пречекува Новата година.
На 14 јануари се празнува и Свети Василиј Велики, ден познат и како Василица.
Во продолжение уживајте и во фотографиите кои ги направи екипата на КУРИР: