вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Курто Дудуш сериозно го повредил Демир Исмаил на Ромскиот бал: Ќе го осуди ли судот градоначалникот на Шутка?

Курто Дудуш сериозно го повредил Демир Исмаил на Ромскиот бал: Ќе го осуди ли судот градоначалникот на Шутка?

Демир Исмаил, претседател на Европската ромска дијаспора „Асва“ го обвинува градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, дека го нападнал за време на одржувањето на ромскиот бал.

Исмаил смета дека причина за нападот е тоа што неговата организација донира храна и облека за жителите на општината, но тоа не му се допаднало на Дудуш и се обидувал да го спречи.

-Проблемот настана откако повеќе не сакавме да соработуваме со градоначалникот. Во 2018-та година бев поканет на Ромски бал во хотелот Александар Палас. Таму јавно ме нападна Дудуш. За тоа имам снимки и лекарско уверение. Имам тешки повреди и тоа трае веќе две години, раскажува Исмаил за Пресинг ТВ.

Исмаил, кој живее во Брисел поднел пријава против градоначалникот за насилства, и пресудата треба да биде објавена на 26 мај. Тој очекува судот да пресуди во негова корист, а не да штити луѓе кои се насили и под заштита на актуелната власт.

Изјавата на Исмаил дадена за Пресинг, погледнете ја во продолжение.

Најнови вести