Градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш денес преку својот Фејсбук профил ги навреди своите сограѓани, нарекувајќи ги „чергари“.
Ова е голема навреда, велат граѓаните од оваа општина.
-До вчера шеташе од куќа до куќа претставувајќи се како голем хуманитарец и човек со големо срце за своите сограѓани барајќи ја нашата доверба и глас, а денес кога веќе никој не му верува и поддржува вака ни се обраќа. Но времето брзо лета повторно ќе не бара, велат изреволтирани жители од Општина Шуто Оризари.