петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Курто Дудуш утре на суд за насилството врз Исмаил

Курто Дудуш утре на суд за насилството врз Исмаил

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш утре треба да се појави во Кривичниот суд како обвинет во случајот со нападот врз Демир Исмаил.

За потсетување, Исмаил кој е претседател на Европската ромска дијаспора „Асва“, го обвини Дудуш, дека го нападнал за време на одржувањето на ромскиот бал.

Исмаил смета дека причина за нападот е тоа што неговата организација донира храна и облека за жителите на општината, но тоа не му се допаднало на Дудуш и се обидувал да го спречи.

-Проблемот настана откако повеќе не сакавме да соработуваме со градоначалникот. Во 2018 година бев поканет на Ромски бал во хотелот „Александар Палас“. Таму јавно ме нападна Дудуш. За тоа имам снимки и лекарско уверение. Имам тешки повреди и тоа трае веќе две години – раскажува Исмаил за Пресинг ТВ.

Исмаил, кој живее во Брисел, поднел пријава против градоначалникот за насилства, очекува судот да пресуди во негова корист, а не да штити луѓе кои се насилни и под заштита на актуелната власт.

Најнови вести