СДСМ е одговорна партија, ние сакаме компромис и учествуваме на лидерските средби. Но, ако ВМРО-ДПМНЕ не сака договор, ние нема да дозволиме штета на државата и граѓаните. Договор за одржување на предвремените парламентрни избори е можен додека трае вонредната состојба. Понатаму стапува на сила законот кој вели дека изборите треба да се одржат на 21 јуни, одговори на новинарско прашање портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.
Ние мора да водиме грижа за сите аспекти, грижа за државата, за здравјето на граѓаните и секако да се обезбедат функционални институции. Не смееме да дозволиме да се нанесе штета на државата, штета на граѓаните и никако не смееме да дозволиме земјава да ја воведеме во уставна криза, рече Кузеска.