среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кузеска призна Аватар од дискотека се преименува во кафуле

Кузеска призна Аватар од дискотека се преименува во кафуле

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, во гостување во емисијата Само Вистина на Канал 5 телевизија призна дека ноќниот клуб Аватар продолжил со работа и по бурните реакциите од страна на граѓаните за непочитување на здравствените прописи, но преименувајќи се во кафе бар Аватар.

Имено, во дебата портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски потенцираше дека министерот за здравство Венко Филипче и комисијата за заразни болести прогласи победа на пандемијата од корона вирусот уште во мај, прашувајќи зошто ако е прогласена победа над корона кризата тогаш рестораните за организирање на свадбени прослави и понатаму не работат.

-Ние се уште немаме реални мерки, од страна на Венко Филипче и тој фамозен одбор на доктори кои што требаше да се справат со кризата, односно тоа координативно тело за справување прогласи победа на корона кризата уште во мај месец. Ако прогласија победа во мај тогаш зошто сега во моментот не функционираат одредени дејности како ресторани за свадбени прослави. Јас имам пријатели кои што се надвор од работните места и велат еве нема повеќе што да работиме во моментот работат на други места колку да преживеат бидејќи никој не го есапи угостителксиот сектор, а од друга страна блиските релации на сопстевници од Струмица со Зоран Заев и со неговиот зет, порача Арсовски.

При што, Кузевска рече: Веднаш се интервенираше диското беше затворено.

На ова Арсовски додаде дека диското Аватар било отворено, како и дека децата на семејството Заеви се чести посетители на истото, на што Кузевска додаде дека тоа било пренаменето од ноќен клуб во кафе бар со што класично призна дека пренамената е направена само за да се избегне казната за непочитување на здравствените прописи.

-Децата на семејството Заеви беа во диско и се имаа сликано. Па какво е тоа диско да извади дозвола за работа до 12 часот, да прави свирки и да пушта безброј луѓе и се уште не е затворено, додаде Арсовски.

Најнови вести