На денешната седница на Комисијата за финансираше и буџет се обрати пратеничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ Лилјана Кузмановска која кажа дека 2018 година била најлоша година по прашање на финансиите.
– 2018 година почитувани беше една од најлошите години финансиски. Ние многу пати и при носењето на ребалансот и во многу наврати со економските показатели дававме информација до вас како министерство и граѓаните дека треба да се направат одредени исчекори и не само на хартија туку вистински кажа Кузмановска.
Таа истакна дека владата воопшто не ги исполнила ветувањата за реформи во економијата за помош на домашните компании и привлекување на странски инвестиции туку напротив се занимавала со рекет.
Кузмановска потенцираше дека со владеење на корупција не може државата да очекува дека ќе влезе во Европската Унија.