Во денешната емисија „Топ тема“ на телевизија Телма гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ Лилјана Кузмановска.
Таа кажа дека владата ја задолжила државата за една милијарда евра од кога е на власт додека капиталните проекти изостануваат.
Пратеничката Кузмановска додаде дека владата на чело со СДСМ не успеала ни да ги заврши проектите кои биле почнати од ВМРО ДПМНЕ а за нови воопшто не станува збор.
Кузмановска истакна дека исто така најголемиот буџет кој што го предложи владата за 2020 година воопшто не е развоен затоа што во ставката капитални инвестиции владата има издвоено значително малку пари.
Таа кажа дека ваквиот буџет каков што е скроен е популистички и средствата се трошат на плати а не на круцијални и стратешки проекти што ќе има негативни последници врз македонската економија.