5% зголемување на платите, па ние ги кажувавме тука информациите дека имаме зголемување од 2006 година за 60% на пензиите, дававме за наставничкиот сектор. Тоа е движење кое континуирано се прави и кое се очекува од граѓаните, меѓутоа не е тоа некоја сериозна политика од која вие треба да се гордеете. И 332 странски директни инвестиции, имаме милиони евра, па кажете каде се, запраша пратеничката Лилјана Кузмановска, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на седницата која се одржува во Собрание на Република Македонија.
Кузмановска ги запраша пратениците од СДСМ зошто не излезете со список, ние ги имаме тие странски директни инвестиции. Еден колега тука точно ви кажа дека освен една сендвичара друго ништо немате од странски инвестиции.
Не е добро да се кажува невистина на граѓаните. Граѓаните знаат како живеат. Дали им е подобар животниот стандард и престанете повеќе, веќе две години на власт да кажувате претходната власт, истакна Кузмановска.