Пратеничката Лилјана Кузмановска од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во Собранието посочи дека ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период дава придонес при донесување на многу важни законски решенија за доброто на граѓаните на Република Македонија.
За волја на вистината за граѓаните но меѓутоа и за колегите пратеници кои не се запознаени во прво читање Вие пред граѓаните и пред нас т.е. како Парламент поднесовте законско решение за намалување на само еден данок и тоа беше данокот за лекови за ветеринарна медицина. И притисокот на опозицијата, нагласи Кузмановска при што ги покажа и стенографските белешки од сите пратеници од опозицијата.
Наша задача беше да кажеме на граѓаните дека после две години тоа ви е прво намалување на данок со наведување колку даночни намалувања имавме во изминатиот период кога ВМРО беше на власт. Повикување да се исполни ветување кое го имавте дадено на граѓаните за намалување на стапката на парно греење и за волја на вистината тие граѓани извршија притисок кон вас, истакна Кузмановска.
Кузмановска потсети дека и минатиот пат опозицијата гласаше за и сега ќе гласа пак само за доброто на граѓаните.
Граѓаните знаат дека вие како власт направивте само зголемување и тоа на акцизите, од рамен преминавме на прогресивен данок, имаме зголемување на приходите односно стапката, приходи од имот, од дивиденди, камата на штедни влогови, зголемување на придонеси, посочи Кузмановска.
Кузмановска додаде дека политиката на СДСМ е само зголемување на даноци наместо намалување.