На денешната собраниска седница пратеничката Лилјана Кузмановска рече дека секоја години се разгледуваат извештаите на Агенцијата за супервизија односно од нејзиното постоење, растење, работа и она што значи нејзина соработка со меѓународни институции.
-Агенцијата за супервизија беше предводена од господинот Климе Поповски, меѓутоа сега имаме нов член како предлог за претседателот на советот на експерти. Една од многуте важни институции односно регулаторно тела, Агенцијата за супервизја спроведува супервизја на друштва за осигурување, осигурителните брокерски друштва, друштвата за застапувањето на осигурувањето. Меѓутоа многу важно да ова агенција за супервизија за своето работење доставува финансиски извештаи ревидирани од независен овластен ревизор, годишен извештај за работењето и годишниот извештај за состојбата и движењето на пазарот на осигурувањето, истакна Кузмановска.
Таа во своето обраќање укажа дека како орган на управувањето е советот на експерти и претседателот е предлог на владата кој е партиски човек.
Имено таа посочи дека за јавноста, за граѓаните дека господинот Крсте Шајноски неговиот целокупен ангажман досега, како колумнист во неговиот портал со целосни напади кон политиките на ВМРО-ДПМНЕ, како главен учесник на протестите на кампот „За слобода„ и целокупната негова активност всушност допринесува да тој биде награден и сега биде ставен на ова регулаторно тело.
-Така да колеги кои треба да изгласате партиски човек, кој за жал многу голем дел од неговите колумни говореше и против вас, треба денес да го изгласате господинот Крсте Шајноски како претседател на ова регулаторно тело. Истиот кој во своите колумни пишуваше:
Никаде во нормалниот свет луѓето не сакаат да работата во администрација, нема потреба, најважно е да работите во приватниот сектор и таму да остварите свој приход, додаде пратеничката.
Кузмановска порача дека таа и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа овој предлог за претседател на Советот на експерти.