На денешната собраниска седница имаше обраќање пратеничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ Лилјана Кузмановска која кажа дека владата освен со задолжување не може со ништо да се пофали во економијата.
Таа истакна дека владата наголемо потфрлила во делот на економијата со задоцнување и неизградба на проекти кои биле ветувани како во здравството така и во инфраструктурата.
– Еден автопат го почнавте со плех музика и тоа започнат и завршен во делот на ВМРО ДПМНЕ. Мислам дека и вие сте свесни дека освен со задолжувања без вложување во капитални инвестиции и во делот на извозот кој е благодарение на развојот на ТИРЗ зоните создадени и креирани во време на ВМРО ДМПНЕ друго не направивте.
Таа кажа дека во делот на економијата ова влада го има најголемиот пропуст.