Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Кузмановска на собраниска седница говореше околу законото за јавни набавки.
Таа кажа дека пред да се донесе едно добро законско решение, добро е тоа да се имплементира но и да се почитува тоа законско решение. Притоа таа напомена дека во перидов се направија набавки во четири очи без јавни тендери како што се набавките во образованието во делот на здравството и тоа во вредност од 35 милиони евра. Таа притоа напомена дека со оваа се доведуваат капцитетот на институциите кои треба да ги имплементираат тие законски одредби.
– “Законот не содржи антикорупциски одредби. Голем дел од забелешките ги добиваме од економските оператори. Тоа се луѓе кои работеле на оваа тематика и знаат предвреме што понатака ќе пречи во понатамошната законска регулатива. Ова работа носи огромна одговорност затоа што досега е покажано дека прстот е ставен на тие лица и ние мораме да ги охрабриме со повисока плата луѓето што ја имаат таа лиценца за работа и што ја работат таа одговорна работа“ рече Кузмановска.