петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Кузмановски: Центрите за изолација и за карантин во Македонија не беа ниту добро поставени, ниту добро организирани

Кузмановски: Центрите за изолација и за карантин во Македонија не беа ниту добро поставени, ниту добро организирани

Иван Кузмановски, доктор невролог во своето гостување во вчерашниот „Live Chat“ зборуваше за корона вирусот и како нашата држава се справува со оваа ситуација при што го посочи следново:

-Знаеме дека центрите за изолација и за карантин во Македонија не беа ни доволни, ниту добро поставени, ни добро организирани и поради тoа се очекува болеста да се прошири. Исклучително малку тестови се направени. Добиваме податок дека се направени 800 – 900 тестови направени од почетокот на појавата на овој вирус. Тоа секако не е оправдано иако нема да се добие точна претстава за бројот на заболени. Добиваме податок дека во земјата стигаат 1500 тестови во текот на една недела. Проблемот е не само со тестови, проблемот е земјите кои добро се справиле како Јапонија, Јужна Кореја, Германија прават по 10 000-20 000 тестови на ден.

Кузмановски во своето гостување истакна дека маските и ракавиците не можат да ја заштитат популацијата и единствен начин на кој може да се постигне нешто е да се воведат поригорозни мерки.

Најнови вести