четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

КЗД со образложение за дискриминација на Груевски од судот и судијата Кацарска (ФОТО)

КЗД со образложение за дискриминација на Груевски од судот и судијата Кацарска (ФОТО)

Државната Комисијата за заштита од дискриминација утврди дека поранешниот премиер на РМ и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во изминатиот период бил жртва на директна дискриминација од страна на Основниот суд Скопје 1 и судијката Добрила Кацарска.

Во мислењето е наведено дека врз Никола Груевски е извршена директна дискриминација од член 6 став 1, а врз основа на личен и општествен статус како поранешен претседател на Влада на Република Македонија и поранешен претседател на политичка партија од член 3 во областа на правосудство и управа со член 4 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, што како последица имало одземање или нарушување и ограничување на еднакво признавање на правото на правично судење како основно човеково право од страна на судијата Добрила Кацарска од Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Се утврдува директна дискриминација на Никола Груевски од член 6 став 1 врз основа на личен и општествен статус од член 3 од законот за спречување и заштита од дискриминација поради поставување во неповолна положба со необезбњдување на потребните критњриуми за правично судење од страна на Основен суд Скопје 1 Скопје.

Во продолжение мислење и образложение од Комисијата за заштита од дискриминација.

Најнови вести