Премиерот Џузепе Конте вчера во „Палацо Киџи“ го прими македонскиот премиер Зоран Заев, кој беше дојден формално да бара помош од Италија по случувањата на последниот Европски совет, на којшто неговата земја не доби покана за почеток на преговорите. Конте го потврди ставот кој го имаше за време на состанокот во Брисел, односно дека сака Македонија да почне преговори заедно со Албанија. Држењето на заедничкиот пакет – Скопје и Тирана – се должи на политичките одлуки и договарањата изминатите години од владите на Ренци и Џентилони, а имплементирани паралелно и од ЕУ преку дејствувањето на високата претставничка за надворешна политика Федерика Могерини.
Всушност договарањата помеѓу Ренци и албанскиот премиер Рама, поддржани од Обама, му овозможија на Заев да дојде противуставно на власт во Македонија во 2017, но пред сè му обезбедија парламентарно мнозинство благодарение на поддршката од албанската партија ДУИ. Таканаречената Тиранска платформа, причина поради која во тој период тогашниот македонски претседател Иванов одби дури два пати да му го даде мандатот на Заев, е политички договор поврзан со денационализацијата на Македонија преку социјалдемократската влада предводена од Заев, односно директно уценета од Рама.
Иако изјави дека Eвропа, поради француското вето, направила историска грешка што не ги отворила преговорите со Македонија, Конте дипломатски му даде до знаење на Заев дека Италија со сигурност на следниот Совет за општи работи ќе поддржи повторно отворање на процесот, но исто така и дека судбината на истиот, зависи во пакет од таа на Албанија. Не би имало никаква помош од Рим во минатото, не би имало никаков договор за промена на името со цел Грција да го тргне ветото и не би имало никакво парламентарно мнозинство за социјалдемократите во случај да не се направеа концесии кон Рама.
Сега кога треба да се „плати цената“, Италија се наоѓа во ситуација да мора да ги поддржи истовремено двајцата политички најсрамни премиери на континентот, поради тешките корупциски скандали во кои се вмешани.
Со цел да ја докаже својата уценувачка моќ, албанскиот премиер не го прими македонскиот претседател Пендаровски бидејќи јавно ја поддржал опцијата за одвојување на Македонија од Албанија во процесот на евроинтеграциите, и му советува да не заборави кому му го должи изборот за претседател. По враќањето во државата, Пендаровски, следејќи ја политичката линија наметната од денот кога „Ла Верита“ ги објави првите докази за корупција во Македонија под владеењето на Заев, направи уште еден чекор на оддалечување од неговиот политички тутор, изјавувајќи за “Ал Џазеира” дека корупцијата на владата на Заев е вистинската опасност за Македонија.
Сè појасната изолација на премиерот Заев може да доведе и до оставка на неговиот МНР Димитров, но пред сè очајот со кој Заев вчера уценуваше дека нема до крај да го имплементира Договорот од Преспа со Грција во случај да не добие покана за почеток на преговорите, ја изиритира доста скептичната Франција. А само неколку дена претходно му објаснија на македонскиот премиер дека Преспа отсекогаш бил потребен услов, но не и доволен за европскиот пат.
Пишува: Ларис Гајзер за Ла верита