среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лагите на Заев на површина- измислија сведок за 27 април за да осудат невини луѓе на 200 години затворска казна

Лагите на Заев на површина- измислија сведок за 27 април за да осудат невини луѓе на 200 години затворска казна

И додека обвинителката Вилма Русковска не му верува на вештакот кој вчера на рочиштето за настаните од 27 април во судницата потврди дека Александар Василевски- Нинџа не бил во ВМРО-ДПМНЕ додека се случувале настаните во собранието, јавноста е згрозена од монструозните судски нарачки поврзани директно со власта кои излегуваат на површина.

Имено вчера според анализата на базните станици и мобилните телефони кои ги поседувал Александар Василевски Нинџа, стана се појасно и појасно дека „дежурниот сведок“ на Рускоска лажел на судењето за 27-ми април.

На вчерашното рочиште вештакот проф. д-р Мирослав Котевски ја презентираше неговата анализа на движењето на Нинџа согласно базните станици на кои се регистрирале неговите два телефони.

Котевски тврди дека за прв пат Нинџа е регистриран на базната станица ВМРО дури по 22 часот, а не во 17:00 (како што тврдеше Нинџа за времето во кое дошол во ВМРО-ДПМНЕ според една верзија), 18:00 (како што тврдеше во друга верзија), односно 18:45 (како што Нинџа тврдеше во трета верзија).

Која и верзија од четирите на Нинџа да се земе дека е вистинита, иако самото постоење на четири верзии укажува дека сведокот Нинџа лажел, не е поткрепена со материјални докази и податоци како презентираните од базните станици од страна на професорот Котевски. Тој вели:

„Корисникот на бројот 076 44**06 (во сопственост на Александар Василевски Нинџа) бил во непосредна близина или во самата зграда на седиштето на политичката партија “ВМРО-ДПМНЕ” во временски период помал од 1 минута (22:19) и корисникот на бројот 075 28**51 (во сопственост на Александар Василевски Нинџа) бил во непосредна близина или во самата зграда на седиштето на политичката партија “ВМРО-ДПМНЕ” единствено во временски период од 5 минути (22:08 до 22:13 часот).

Она што е нејасно е зошто самата Вилма Рускоска не нарачала вакво вештачење уште во првиот случај во кој со помош на сведочењето на сведочењето на докажаниот сведок соработник Нинџа, 15 луѓе беа осудени на над 200 години затвор, како и прашањето зошто Добрила Кацарска не увидела ваков евидентен факт, туку својата пресуда ја темели во огромен дел на евидентно лажното сведочење на Василевски-Нинџа?

На вчерашното рочиште за т.н. организирање на настаните на 27-ми април вешто лице сведочеше и за доказите за телефонски разговори кои ги понудила Вилма Рускоска, обвинител во предметот.

Според вештакот проф. Д-р Мирослав Котевски, доказите кои ги приложила Рускоска пред судот кога го подигнала обвинението не биле запечатени односно заштитени од промени, поради што тој се сомнева дека е можно некој да ги променувал – односно да направил фалсификат.

„Материјалните докази кои ми беа предадени од страна на одбраната не содржат никаква заштита на датотеките (“xls” фајловите) со што се нарушена нивната доверливост како податоци.“ вели професорот Мирослав Котевски.

Според него, во вакви незаштитени електронски докази секој кој имал контакт со нив до моментот на поднесување на обвинението можел да направи промена, односно фалсификат.

„Дополнително, во ваквите датотеки може да се креираат непостоечки (фиктивни) нови записи кои никогаш реално како настан не постоеле. Тоа може да бидат текстуални пораки кои не биле разменети помеѓу два мобилни телефонски броја или две лица, говорна комуникација меѓу две лица која никогаш не била реализирана или приклучувања кон глобалната интернет мрежа.“ појаснува професорот.

Дополнителен проблем е што според него во EXCEL датотеките не може да се утврди дали се правени измени во податоците поради фактот што измените и/или дополненијата може да се направат без запис (трага) за настанатата измена и/или дополна и без запис кој и кога ја направили таа измена и/или дополна. Индиции за можно фалсификување на доказите има поради неколку утврдени непостојани податоци од страна на вештакот, односно одредени разговори кои се запишани во една ексел табела, не се забележани во три други ексел табели во кои исто така би морало да ги има.

Според вештото лице професор Котевски, ова е доволна причина да се посомнева во кредибилноста и веродостојноста на доказите. „Ова наведува на заклучок дека доверливоста на xls фајловите кои се дел од доказните материјали е проблематична“, заклучи проф. Д-р Котевски на денешното рочиште кое започна со проблеми откако Рускоска во судот донела погрешен советник кој не бил од полето на стручност на Котевски.

Згрозени од овој факт денеска од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до јавноста велат дека стручни вештаци потврдија дека случајот 27-ми април е граден врз основа на лажен исказ. Овој случај од СДСМ и Зоран Заев е брутално злоупотребен за индивидуален и политички атак врз ВМРО-ДПМНЕ, соопштуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека полека но сигурно излегува на површина монструозното злосторство и судските нарачки на Зоран Заев за овој случај.

-Луѓе лежат во затвор поради исказ на сведок кој според стручните вештаци дал лажен исказ. Од друга страна Заев ги награди тие кои што ја водеа оваа хајка. Денес Вилма Русковска е главен обвинител која останува слепа на бројни криминални скандали, додека судијката Добрила Кацарска е нов Уставен Судија. Ако се има во предвид дека досега е познато дека Заев лично како премиер праќал пораки до неговиот советник и белосветски мешетар Басановиќ кому му ја исполнува желбата обвинетата во Меѓународниот сојуз Мандиќ да не и биде доделен притвор, притоа директно влијаејќи на обвинителите и судиите од предметот, ако се има во предвид дека Заев јавно на аудио снимките се фалеше дека носел трас-трас одлуки селективно да паднат случаи од обвинителството, па потоа му се случи Рекет каде е вмешан целиот државен врв, и каде главниот осуден посочи дека парите завршиле кај Зоран и Вице Заев, може само да се замисли каква монструозност стои зад конструкциите поврзани со случајот 27-ми април. Зоран Заев е директно одговорен што после 4 години правдата останува недостижна за обичниот граѓанин. После 4 години тој се откажа од неговиот ветинг, затоа што истите Сваровски и трас-трас судии станаа најверните слуги на Заев. Заев е извор на проблемите и тој мора да оди, се наведува во соопштението на партијата.

Најнови вести