Пејачот Ламбе Алабаковски вечерва ќе оди во притвор, одлучи судија на претходна постапка, а по барање на битолското обвинителство.
Нему му е одреден 8 дневен притвор, откако денеска беше осомничен за палење на влезот на клубот ,,Ванчо Михајлов” во Битола.
Претходно од обвонителатвото споделија детали за случајот.
-Постои основано сомнение дека пријавениот 34-годишник на 4 јуни, во раните утрински часови, со пожар предизвикал значителна опасност по имотот од големи размери. Тој истурил бензин врз влезната врата од Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, ставил фитил на прагот и го запалил.
Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство, особено со оглед на фактот што тој има двојно државјанство на Р.С. Македонија и на САД каде живеел до неодамна, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, велат од Обвинителатвото.