Во текот на минатата година во земјава се регистрирани 955 бесправно изградени објекти, од кои најголемиот дел се во приватна сопственост, објави Државниот завод за статистика.
Според видот на објектот, бесправно се изградени 249 објекти за домување или 26,1 отсто, 133 доградби, надградби и адаптации или 13,9 отсто, 113 деловни објекти или 11,9 отсто, 78 гаражи или 8,2 отсто, 134 огради или 14 отсто, 6 скалила или 0,6 отсто, 15 тераси или 1,6 отсто, 28 летни тераси или 2,9 отсто, 95 настрешници 9,9 отсто, 13 времени објекти или 1,4 отсто и 91 помошен објект или 9,5 отсто.
Најголем број бесправно изградени објекти, односно 98,1 отсто се во приватна сопственост.
Најмногу или 226 се изградени во Скопје, а од скопските општини најмногу дивогради 71 се регистрирани во Центар. Во Куманово се регистрирани 78, Штип 70, Липково 68, Струмица 56, Охрид 50…