„Премиере, бевме сведоци пред месец дена дека си дадовте шанса да бидете и министер за финансии, но некако шансата не ја искористивте. Си дадовте шанса и да бидете учител, рече тука во Собранието ќе не учел како се води економијата, ама и од тоа ништо. За месец дена премиерот виде дека и професорката работа не му оди. Очигледно ги немаше видено какви се бројките па затоа се реши на вакви чекори, рече пратеничката Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ на дебата во Собранието за избор на нови членови на владата, кокретно говорејќи за предлогот на премиерот Зоран Заев за министер за финансии да биде Нина Ангеловска.
-Но, оситуацијата е следна. Заклучно со јули 2019-та реализацијата на капиталните расходи е 24,5 проценти од планираните односно околу 100 милиони евра од предвидените 422 милиони евра. Ова е само еден, ама многу голем показател дека оваа влада не ја бива, рече Лашкоска.
Таа укажа дека сега е најавен ребаланс на Буџетот за да се прикријат лошите бројки.
– И сега најави ребаланс или намалување на на предвидените капитални инвестиции за да прикажат повторно подобри бројки за нив. Затоа реши Нина Ангеловска да ја стави за министер за финансии за да има еден ден кој да одговара за катастрофално завршениот мандат на оваа влада, рече Лашкоска.