сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лашкоска до СДСМ: Барем во овие моменти не си играјте со луѓето, не ги загрозувајте здравјето и животите на нашите сограѓани!

Лашкоска до СДСМ: Барем во овие моменти не си играјте со луѓето, не ги загрозувајте здравјето и животите на нашите сограѓани!

Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил сподели статус поврзан со лицемерието на СДСМ.

-Какво лицемерие, какво неодговорно однесување на авторитетиве (СДСМ) во државава, без разлика дали припаѓаат на извршната или локалната власт?!
Секојдневно бројни пресови…повици…обвинувања упатени кон други, ама никако да си се погледнат самите во огледало. А всушност овие денови сме сведоци оти токму тие истите се организатори на собири во кои граѓаните во најголем број се незаштитени…без маски, ракавици, а пак за доволна оддалеченост еден од друг и не станува збор од тоа што гледаме на фотографиите.
В недела требаше да има парламентарни избори. И ова се деновите (неделата пред избори…редовно пред секои избори), кога СДСМ врши поткуп на гласачи.
Рекетот завршен! Спремни се!
Па тоа што им било спремно деновиве го делат.
Сигурно дека секоја помош за социјално ранливите категории е добредојдена.
Но, барем во овие тешки моменти, овие лажни авторитети (СДСМ), да ги оставеа на страна нивните валкани игри!
Барем во овие моменти не си играјте со луѓето. Не ги загрозувајте здравјето и животите на нашите сограѓани!
#ЗатоаШтоЈаСакамМакедонија
#СедиДома, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Какво лицемерие, какво неодговорно однесување на авторитетиве (СДСМ) во државава, без разлика дали припаѓаат на…

Gepostet von Ane Laskoska am Donnerstag, 9. April 2020

 

Најнови вести