среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лашкоска до Сугаревски: Зошто не е започната втората фаза од изградбата на експресниот пат Градско- Прилеп за која рековте дека ќе биде завршен во предвидениот рок?

Лашкоска до Сугаревски: Зошто не е започната втората фаза од изградбата на експресниот пат Градско- Прилеп за која рековте дека ќе биде завршен во предвидениот рок?

Ане Лашкоска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница постави пратеничко прашање до министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, прашувајќи го зошто се уште не е започната втората фаза од изградбата на експресниот пат Градско Прилеп, потсетувајќи го Сугаревски дека тој самиот пред два месеца кажал дека не постои никаков проблем на терен.

-Господине Сугаревски и покрај вашите најави дека експресниот пат Градско-Прилеп ќе биде завршен во предвидениот рок, на терен сведоци сме дека околу два месеци се случува сосема нешто друго. Имено во март месец изјавивте дека се надминати сите проблеми на експресниот пат и дека ќе започне втората фаза од изградбата на овој пат. Меѓутоа како што патуваме секој ден и вие и јас гледаме дека на терен не се работи воопшто ништо. Градежните работи на оваа делница се стопирани во целост и покрај тоа што вие рековте дека проблеми не постојат. Дали овој експресен пат се користи исто како што се користеа и двата автопати за партиски политики и дали рокот за изградба на овој пат ќе бидат продолжен а со тоа ќе треба да се обезбедат и нови средства до неговото конечно завршување. Или се поставува прашање дали проблемите се намерно создадени од вас и од оваа влада, вели Лашкоска.

Најнови вести