Повеќе од две години има готови проекти за канализација во населените места во Кривогаштани, министерот за транспорт и врски повикуваше да се аплицира, но градоначалникот си ги чува проектите и никој не знае зошто, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска на собраниската комисија за финансирање и буџет.
Лашкоска посочи дека за овие амандмани за изградба на канализација во населените места Врбјани, Бела Црква, Воѓани и Крушеани во Општина Кривогаштани веќе има готови проекти и истите се со цел граѓаните на оваа општина да добијат основни или барем минимални услови за живот и додава дека градоначалникот наместо да ги чува во фиока треба да аплицира со тие проекти.
– Видовме дека во изминатата година се смени локалната власт проектите кои што беа готови од ВМРО-ДПМНЕ , актуелните градоначалници на СДСМ или не ги аплицираат или чекаат долго за да ги аплицираат како нивни готови проекти, потенцираше Лашкоска.