петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лашкоска: МРТВ од година во година треба да расте, а не државата да биде причина за нејзино згаснување

Лашкоска: МРТВ од година во година треба да расте, а не државата да биде причина за нејзино згаснување

Во извештајот кој што го имаме добиено МРТВ во изминатата година има добиено помалку средства од кој што беа планирани, а пак кои што се далеку помалку кое што со закон е предвидено да го добиваат, истакна во своето денешно излагање на седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска.

-Се сеќавам во претходниот состав кога се носеше законот за укинување на радиодуфузната такса, кој што се искористи само политички од страна на СДСМ, беше ветувано дека средствата кои што се собираат од радиодифузната такса ќе бидат надополнети со средства од буџетот на Република Македонија, односно според закон се определи колку средства од државата власта ќе префрла за да нормално функционира овој радиодифузен сервис, рече пратеничката.

Како што напоменав и претходно треба да се префрлаат околу 22 милиони евра, меѓутоа за жал во овие сите години не се префрлаат онолку колку што е предвидено со закон, додае таа.

-Тука се поставува и прашањето „Дали власта свесно сака да го уништи единствениот јавен радиодифузен сервис којшто го има Република Македонија?“. Јас не сакам да верувам во ова и сите заедно ќе се заложиме МРТ да продолжи да работи, и не би рекла дека не би можела да се натпреварува со приватните медиуми, напротив ако има поддршка од државата, таа ги имама сите ресурси и квалитети и сметам дека радиодифузниот сервис од година во година треба да расте, а не државата да биде причина за нејзино згаснување, зеклучи Лашкоска.

Најнови вести