сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Лашкоска: После две години владеење на СДС на секој човек во Македонија му е јасно дека кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт работи за граѓаните, а СДСМ само троши

Лашкоска: После две години владеење на СДС на секој човек во Македонија му е јасно дека кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт работи за граѓаните, а СДСМ само троши

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска на денешната собраниска седница на која што се расправа за реконструкција на владата, истакна дека на секој човек во Македонија му е јасно дека кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт работи за граѓаните, а СДСМ само троши.

-Ќе ви цитирам од последниот извештај на ГРЕКО: Корупцијата се смета за сериозен проблем во Македонија, во институционална рамка се споменува Законот за лобирање, но законот не се применува, недостатокот на транспарентноста исто така, а формиравте министерство за тоа, се акцентира и политизацијата на полицијата, цитираше пратеничката.

-Во препораката два на ГРЕКО се препорачува систематски да се следи проценка на ризик на интегритетот на централната власт, што ги опфаќа сите функционери, надворешни соработници и советници како што е соодветно да се воведат корективни мерки и да се обезбедат соодветни ресурси на единиците за внатрешна контрола и на органите одговорни за методолошки совети во оваа област, вели Лашкоска.

Во 2019 година проблемот е и работата на Државниот завод за ревизија каде се занимаваат со извештаи за работењто на поранешната власт, наместо да се ревидира работењето на актуелната власт, всушност се политизира една поранешна квалитетна институција, навистина жално, вели Лашкоска.

-Таа истакна дека исто не е реализирано ниту едно од ветувањата на владата во однос на проектитите за младите кои владата вети дека ќе ги реализира во првите 6 месеци од мандатот, како што е младинската гаранција.

Најнови вести