четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Лашкоска: Предлог законот за градење е закон за криминал и закон за урбаната мафија

Лашкоска: Предлог законот за градење е закон за криминал и закон за урбаната мафија

На денешната седница на собранието на Република Македонија пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска упати критика до власта нарекувајќи го законот за градење закон заштитен моќник. Таа исто така го праша и министерот за кого го поднесуваат законот

-За кого господине министер го поднесувате овој закон? Закон за урбаната мафија на СДСМ, која на големо веќе во секоја општина цвета, закон за сите кои што од СДСМ почнаа да се занимаваат со градежништво, впрочем СДСМ гледаме дека последнава година дена имале голем број на градежници-нагласи Лашкоска.

Лашкоска упати прашање до Министерот Сугаревски дали тој е избран да биде жртвено јагне и дали е спремен да се носи со ова што денес го предлага?

-Најстрашно и најтажно е што предлагач конкретно на овој закон е господинот Сугаревски кој што во минатото од оваа сала од оваа говорница беше најжестокиот критичар на закони, меѓутоа на закони кои што имаа точно јасни одредби и денес е просто за неверување и просто несфатливо тој истиот Сугаревски да го предлага на пратениците овој закон, да го предлага на своите колеги овој криминален закон и да очекува од своите сопартијци или од своите коалициони партнери да го гласаат овој закон- истакна Лашкоска.

Таа додаде дека тие како ВМРО-ДПМНЕ имаат поднесено неколку амандмани од кои што бил прифатен само еден.

-Нашите најголеми забелешки се однесуваат на член 4 член 10. Со ова предлог законско решение кое што денес го имаме се предвидува ако некој е сопственик на градежна парцела 90 %, добива одобрение за градење и комотно истиот тој кој што поседува само 90 % од градежната парцела може уште веднаш да започне со градење. Истиот тој кој што ќе започне со градење еве да речиме гради зграда може уште веднаш да започне со продажба на становите.Што ќе сеслучи ако сопственикот не докупи уште 10% од земјиштето? ФИКОМ 2 ли предвидувате? Кого штитите министер- сугерираше Лашкоска.

Во понатамошната дискусија Ане Лашкоска истакна дека ова е закон за криминал, закон за урбаната мафија, таа исто така додаде дека граѓаните треба да внимаваат доколку се донесе овојзакон на кого уплаќаат и што прават бидејќи оваа властсака да донесе закон за Фиком 2 или закон заштитен моќник. а заштитен моќник за многу брзо време ќе се види кој е и за кого точно се носи овој закон.

Најнови вести