вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лашкоска: Вистината за изградбата на „Порта Македонија“ излезе на виделина, лагата на СДСМ не опстој долго

Лашкоска: Вистината за изградбата на „Порта Македонија“ излезе на виделина, лагата на СДСМ не опстој долго

Пратеничката Ане Лашкоска денеска од собраниската говорница истакна дека е решена голема лага која се провлекува со години во врска со градбата „Порта Македонија“.

-Во врска со пратеничкото прашање на пратеничката Лашкоска одговорот е следен: На Министерството за култура му се одобрува изградба на објект наменет за култура „Порта Македонија“ со одобрение за градење од општина Центар, архивски број 27-219/4 од 11.06 2010 година, а со ова се потврдува дека тврдењето излезено од штабот на СДСМ дека објектот „Порта Македонија“ е нелегално изграден објект без одобрение за градење, е една голема лага и невистина. И овој, а и било кој друг објект за да добие одобрение за градење мора претходно за истиот да има маркица во деталниот урбанистички план и да е предвиден во ДУПОТ, како и целата попратна документација за да се добие одобрение за градба, вели Лашкоска.

Таа додава дека сепак вистината кога тогаш излегува на виделина, а лагата не опстојува долго.

Најнови вести