ВМРО-ДПМНЕ како опозиција ќе продолжи и понатаму да ги критикува сите лоши законски решенија на Власта, но за разлика од минатото кога опозициајта само критикуваше, ние ќе нудиме и решенија, истакна денес пратеничката Ане Лашкоска на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.
-Предлагаме воспоставување на Македонски национален совет за политика за борба против корупција кој ќе има советодавни, координативни и контролни функции во однос на антикрупциските политики и со нив предлагаме да раководи Народниот правобранител на Република Македонија. Таквиот совет е неоходен со оглед на сеопфатната природа на државната антикорупциска политика и потребата да се обединат напорите за постигнување на позначајни резултати, истака таа.
Лашкоска додаде дека главна задача на овој совет ќе биде креирањето на национални стратешки документи и програми за спречување и справување со корупција.
– Македонски национален совет за политка за борба против корупција предлагаме да биде составен од претставници како од извршната власт, законодавната власт, од судската власт, претставници на граѓанскиот сектор, претставници на локалната самоуправа, односно тоа може да биде едно поширко тело во кое што учество би зеле сите оние луѓе кои што моментално спроведуваат политики на антикорупција, нагласи Лашоска.
Таа на крајот потенцираше дека треба да се зајакне институционалното набљудување на коруцпијата и дека се надева дека власта ќе најде разбирање и ќе ги прифати предлозите на ВМРО-ДППМНЕ.