Јас не знам зашто министерот Тевдовски ги споменува капиталните инвестиции во Буџетот кога нив реално ги нема. Ако зборува за странските директни инвестиции кои што дојдоа во време на ВМРО-ДПМНЕ и кои што го подигаат извозот и БДП тогаш се согласувам, но други странски инвестиции не слушнавме, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласоска на денешната собраниска комисија.
Ласоска додаде дека кога СДСМ дошле на власт само од Свети Николе избркале 50 луѓе од работа, додавајќи дека поголема сиромаштија и поголемо задолжување на државата и граѓаните до сега немало.
Според неа владата на СДСМ не може да се пофали со ниту еден проект, туку напротив се до сега што направиле е скандали, криминални тендери и корупција.
-Зборувавте за домаќинско работење, за кое домаќинско работење говоревте? За тендерите во 4 очи,па не можам да ги набројам на дневна основа скандалите и тендерите кои се случуваат а не пак да ги прими граѓаните и да реагираат затоа што на дневна основа се случуваат такви криминални тендери. И да ви кажам тоа го правите со една таква ноншалантност, ова е се ваше, располагате со се и немојте да мислите дека останува неприметено од страна на граѓаните, им порача Ласоска.
Пратеничката додаде дека СДСМ ги заборава и земјоделците и не придонесува со ништо за подобрување на македонското земјоделие.