среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ласовска: Инфлацијата на највисоко ниво им ги јаде парите на граѓаните, Ковачевски нека излезе по улица и маркети да го види очајот на народот

Ласовска: Инфлацијата на највисоко ниво им ги јаде парите на граѓаните, Ковачевски нека излезе по улица и маркети да го види очајот на народот

Не слушнавме ништо за разрешувањето на министрите, очекував да слушнеме за назначување на новите по некој убав збор да слушнеме зошто овие кандидати имаат подобри менаџерски перформанси за само 10 месеци, да успеат да ја закочат Македонија во нејзиниот слободен пад? Македонија е во слободен пад и ако неспособниве останат на власт ќе тресне и се плашам да не се распарчи и дали ќе можеме да ја составиме, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска на денешната собраниска седница.

Таа посочи дека од Ковачевски слушнавме само и му порача кога зборува за очај и црнила да излезе надвор да види како живеат граѓаните.

– Не знам дали имате излезено од владата, во маркет, дали се движите по улица за да видите колку црнила и очај има кај граѓаните колку се несреќни. Имаше и истражување дека Македонија е најнесреќна држава во Европа, изјави Ласовска.

Во врска со енергетската револуција за која зборува Ковачевски, таа истакна дека додека тој се фали со тоа, директорот на МЕПСО кажува дека државата краде струја од европската мрежа, додека кога сме кај цените се е поскапено, инфлацијата рекордна.

– Излегува директорот на МЕПСО вели дека крадеме струја од европската мрежа. За таква ли револуција зборувате? Тоа директорот го кажа и не им одговоривте ни на новинарите и вчера слушам милиони евра ќе трошите за Бугарите за гас по фиксна цена. Инфлација на највисоко ниво, лидери во регионот, литар масло за јадење е поскапо за плус 150%, литар млеко поскапо, килограм шеќер поскап за 100%, се научивте рекет да правите, а каква држава имаме најдобро знаат граѓаните. Инфлацијата им ги јаде парите на граѓаните.

Најнови вести