понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ласовска: Наместо да се помогне на реалната економија, “блескавата” влада реши да ги послуша неколкумината и да покачи акциза!

Ласовска: Наместо да се помогне на реалната економија, “блескавата” влада реши да ги послуша неколкумината и да покачи акциза!

Криминалната приватизација во деведесетите години, која си ја легализираа со закон, создаде олигархија преку ноќ.

Преку ноќ, врз грбот на граѓаните станаа гооолеми газди.

Со швер на цигари, нафта, кршење на ембарга, без пари купија фабрики.

Не ги наследија, не ги спечалија, си ги присвоија.

Ова СДС им го дозволи.

Од тогаш се измени економијата во Македонија, пишува претседателката на Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска.

Во продолжение ви ја пренесуваме целата објава на Ласовска:

Е сега, таа каста на неколку луѓе, има свои пипци (се сеќавате на октоподот) во владата.

Нивни наследници. Научени и воспитани во тој стил..земи од народот.

Граѓаните ги знаат кои се.

Сега, тие наследници, во услови на тешка криза, кога и Светска Банка предвидува рецесија, предлагаат покачување на акцизата за три денари.

И велат онака, дрско..па добро нема да се почувствува.

Велат оние, кои го осиромашија овој народ, го обезличија, му сменија име и го понижија до бескрај.
Олигарсите никогаш не мислеле ниту на народот, ниту на државата.

Наместо да се помогне на реалната економија, мали и средни претпријатија, угостители и занаетчии кои со своја пот заработуваат и полнат Буџет, “блескавата” влада реши да ги послуша неколкумината и да покачи акциза.

Па добро има ли пилот во авионот?
Седнете разгледајте ги мерките што ви ги предлагаме и реагирајте.

Веќе доцните. Ужасно доцните.

Вашето владеење и доцнење скапо, многу скапо ќе не чини сите, реагира претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска.

Најнови вести