четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ласовска: Законот за наставници има сериозни забелешки не само од опозицијата туку и институциите, СДСМ да не турка на сила

Ласовска: Законот за наставници има сериозни забелешки не само од опозицијата туку и институциите, СДСМ да не турка на сила

Пратеничката Благица Ласовска на собраниската комисија за образование и наука изрази жалење што не е присутен министерот за образование, но посочи дека искрено се надева дека заменик министерот ќе му ги пренесе сите реакции и атмосферата внатре, како и сите забелешки кои ги имаат.

– Опозицијата е многу важна алка во ова Собрание, каква акција ќе има од предлагачот – Владата, таква реакција ќе има и од опозицијата. За жал, претходната министерка Царовска до тој степен не го почитуваше Собранието што воопшто не доаѓаше. Второ, и покрај сериозните забелешки не само од нас пратениците, туку и од институции на кои што треба капа да им симнува а не со ароганција да се однесува не ги зема во предвид.
Оваа комисија оди како што оди, а образованието тоне во хаос и јас вака би апелирала и до моите почитувани колеги пратеници но и до вас – на разум. Секогаш постои простор за разговор доколку се има волја за нештата да бидат подобри и појасни. Во случајот се работи за образование и имаме ние многу наставници, родители и ученици кои се засегнати со концепцијата но и со законските решенија кои претседателката тврди дека дневниот ред е изгласан но не е изгласан, и јас еве апелирам да се повлече законското решение и да седнеме во духот на минимум консензус. – кажа Ласовска.

Таа додаде дека доколку односот кон опозицијата е конструктивен, има подадена рака и има слух за нивните забелешки и идеи ќе се најде заедничко решение и апелираше комисијата да прекине со работа и да се размисли како понатаму ќе се однесуваат кон многу важниот образовен процес во Македонија.

Најнови вести