петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Латас: Кој е премиер, а кој министер, Османи го врати во живот француско бугарскиот ултиматум

Латас: Кој е премиер, а кој министер, Османи го врати во живот француско бугарскиот ултиматум

Ние не знаеме кој е премиер, а кој министер за надворешни работи, изјави новинарот Драган Павловиќ Латас за „Само вистина“ на Канал 5, посочувајќи дека откако премиерот Ковачевски рече дека француско бугарскиот ултиматум не се прифаќа, веднаш по него министерот Османи, рече дека е прифатлив и го врати во живот француско бугарскиот ултиматум кој е или ќе прифатиш или нема да има ништо.

Според Латас, Ковачевски после тоа требаше да го смени или Османи или да си замине самиот.

– Имаме изјава на премиер дека за Македонија, француско – бугарскиот ултиматум не е прифатлив, тоа го кажа Ковачевски дека за него, владата, претседателот и јавноста не прифатлив. Два дена после него, неговиот министер за надворешни работи Бујар Османи рече дека за нас е прифатлив бугарско францускиот ултиматум и сега не знаеме кој е премиер, а кој министер во државава. Рече дека имал само некоја забелешка за ситници, но дека предлогот е дека е
прифатлив, рече Латас.

Латас нагласи дека Бујар Османи успева на завршена изјава од премиерот дека условите не се прифатливи да ги врати во живот и да преговараат експерти.

– За што ќе преговараат? ДУИ не сака Македонија и Македонци да влезат во ЕУ. ДУИ и Османи од 2001 досега покажаа дека се против секој проект каде Македонците го зацврстуваат својот национален етнички идентитет и култура. Тие војуваа против Македонија за да го нарушат идентитетот. Оттогаш не постои некој од ДУИ кој брани македонски интереси. Бујар Османи не може да преговара, тој е неписмен за дипломатија, покажа дека е неконзистентен и покажа дека преговара позади грб, истакна Латас.

Тој потенцираше дека тоа што Османи го прави е Албанија да биде тргната од пакетот со Македонија и да продолжи преговори натаму сама иако преговара 5 години пократко.

Најнови вести