петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Латас: Ковачевски нема да успее да се ослободи од корупцијата, нарко мафијата и да го ослободи правосудниот систем

Латас: Ковачевски нема да успее да се ослободи од корупцијата, нарко мафијата и да го ослободи правосудниот систем

Ковачевски и новото раководство на СДСМ ако сакаат да се докажат треба да расчистат со корупцијата, да ги прекинат врските со нарко мафијата, да го остави правосудниот систем и да запре со денационализацијата на македонската нација, вели за „Само вистина“ на Канал 5, новинарот Драган Павловиќ Латас, додавајќи дека Ковачевски нема да успее во тоа затоа што корупцијата е длабоко навлезена во СДСМ и владата и ќе треба да работи со луѓето на Заев.

-Треба да помине месец дена и Ковачевски да покаже кои се неговите првични планови во политичкиот живот. Се сомневам дека може да успее во тоа што го намерил. Тој мора да ги прекине врските со дилерите и нарко мафијата со партијата воопшто. Тоа ќе биде исклучително тешко бидејќи Заев тие луѓе ги воспостави, имаат привилегии и тешко дека Ковачевски сега ќе ги тргне настрана и од утре да им рече дека тендери ќе дели законски, рече тој.

Латас истакна дека Ковачевски треба да се ослободи радикална и диктаторска контрола на правосудниот систем, а тука спаѓаат обвинители, судски совет, судии.

-Работите од кои Ковачевски треба да се ослободи се корупцијата, врските со нарко мафијата и денационализација на македонската нација треба да запрат. Тој мора да ги запре преговорите со Бугарија, да се знае што е консензус што се изгласа во Собрание, но не верувам дека ќе успее во тоа, ќе има отпор во партијата, нагласи Латас.

Најнови вести