петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Латас: Победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите воопшто не е спорна, СДСМ ќе има помалку од 200.000 гласови па затоа се прави цел инженеринг како ДУИ да остане во власт заради бизнисите

Латас: Победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите воопшто не е спорна, СДСМ ќе има помалку од 200.000 гласови па затоа се прави цел инженеринг како ДУИ да остане во власт заради бизнисите

Христијан Мицкоски и Александар Николоски зборуваат со многу повеќе факти и имаа неколку емисии на тоа. Се прави цел инженеринг како ДУИ да остане во власт, ДУИ за СДСМ не се грижи ни 2% ги пуштаат низ вода, а отвориш нешто за Али Ахмети одма имаш за СДС они отвораат контри па делат по новинари пошто ги имаат документите, имаат повеќе министри во Влада и многу лесно доаѓаме до тие факти и акти. Тие се пуштени низ вода ДУИ знае дека не може да освои пратеници колку што во моментов доминира во Собрание туку да освои клуч кој е неопходен за влада и тоа е тој цел филм“, истакна новинарот Драган Павловиќ Латас во вечерашното гостување во емисијата „За или Против“ на Телевизија Алфа.

Тој посочи дека Ковачевски е залутан човек во политиката, кој одработува со Зоран Заев да го заборават Зоран Заев, како и да ги заборават бизнисите што го има со албанското лоби за оранжериите за марихуана кој не ги исполни плановите и не им даде закон за извоз на цвет од марихуана и масло.

-По овие избори СДСМ ќе има помалку од 200.000 гласови односно 20 пратеника, и партијата што се е мафија врзано со неа ќе дојде по наплата и ќе се разбегаат шефовите и луѓе кои немаат поим со политика. Таа партија ќе паѓа и паѓа, истакна Латас.

Тој е дециден дека 60% од членовите во СДСМ имаат негативно мислење за Димитар Ковачевски, бидејќи вели тој е лик во филмот кој никој не го забележал.

-ВМРО-ДПМНЕ предводен од Мицкоски никој не спори дека ќе победи на избори тоа е прашање дали ќе е минимум од 55-56 пратеника или максимум од 61-62 пратеника. Народот треба да гласа за себе, повеќе верувам во факти и бројки. Мицкоски веќе има профилација на јавноста и своите бројки ги базира на наука и стручност и ништо не збори на памет и да кажува вицови, заклучи Павловиќ Латас.

Најнови вести