понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лазаров: Бизнисот во Македонија очекува мерки за спас од кризата и квалификувана работна сила, не етнички вработувања

Лазаров: Бизнисот во Македонија очекува мерки за спас од кризата и квалификувана работна сила, не етнички вработувања

Во вечерашната „Топ тема“ на Телма телевизија професорот и претседател на Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека бизнисот во Македонија очекува мерки за спас од кризата и квалификувана работна сила без разлика на кој етникум се однесуваат работниците.

-Во услови кога македонската економија се соочува со сериозни предизвици, кога Владата уште на првата владина седница требаше да предложи мерки во насока на амортизирање на штетните последици од кризата, затоа што знаеме дека голем број на граѓани ги губат своите работни места, добиваат секојдневно откази, нам топ тема во делот на економијата ни е темата за субвенционирање на етнички вработувања, вели Лазаров

Лазаров истакна дека бизнисот ниту препознава етничка припадност, ниту препознава двојазичност, ние живеееме во фаза на примитивизам, затоа што на крајот од денот на македонскиот бизнис му е потребно интернационализација, а не национализација, како и тоа дека на бизнисот му е потребна квалификувана работна сила, без оглед од кој етникум се работниците.

-Моето очекување е Владата да ги реши проблемите во економијата преку инвестирање во човечкиот капитал, а во програмата на Владата има многу празни флоскули, истакна Лазаров.

Лазаров рече дека има активни мерки од Агенцијата за вработување на Македонија која има буџет од 20-25 милиони евра годишно и активни мерки за вработување, па по тоа субвенционирањето треба да е во насока на креирање на мерки за квалификување на работната сила за потребите на бизнисот, за македонските или албанските компании или останати компании.

-Целиот бизнис сектор во Македонија има проблем со квалификуваната работна сила или недостатокот од истата, без разлика од кој етникум се однесува, вели Лазаров.

Најнови вести