петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лазаров: Kој е кредибилитетот на Министерството за финансии да прави 5 годишни проекции кога не е во состојба да ги проектира коректно капиталните инвестиции за три месеци ?

Лазаров: Kој е кредибилитетот на Министерството за финансии да прави 5 годишни проекции кога не е во состојба да ги проектира коректно капиталните инвестиции за три месеци ?

„Многу дилеми и прашања поврзани со проекциите на Министерството за финансии за клучните економски трендови за периодот до 2025!
1️⃣Врз база на кој модел се направени проекциите❓
2️⃣Како се дефинирани претпоставките кои се користени во проекциите❓
3️⃣Кои се економските политики што ќе испорачаат стапки на раст од 5-6%❓
Сигурно е дека со овие политики тоа нема да се случи, имајќи во предвид дека оваа влада не успеа да испорача раст поголем од 2-3% во периодот пред кризата кога имаше исклучително позитивни економски состојби во светот.
Овде ја исклучувам 2021 година во која растот ќе се базира на лошата споредбена основа од 2020 година во која се очекува негативна стапка од под – 5%.
4️⃣На крај, кој е кредибилитетот на Министерството за финансии да прави 5 годишни проекции кога не е во состојба да ги проектира коректно капиталните инвестиции за три месеци❓
Имено, реализацијата на капиталните инвестиции до крајот на годината врз база на тековната динамика нема да достигне 65% од проектираното согласно ребалансот на буџетот донесен на почетокот на октомври.“

Фејсбук статус на Дарко Лазаров

Најнови вести