сабота, 20. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Лазаров: Оваа година ќе заврши со многу подлабока рецесија надвор од сите досегашни предвидувања

Лазаров: Оваа година ќе заврши со многу подлабока рецесија надвор од сите досегашни предвидувања

Универзитетскиот професор по економија Дарко Лазаров, вечерва на 24 Анализа во Телевизија 24, истакна дека допрва не чекаат лоши последици по економијата, па рече дека оваа година ќе заврши со уште подлабока рецесија од предвидувањата.

-Проекциите беа дека четвртиот квартал ќе биде рестарт на економијата, но статистиките секојдневно говорат дека оваа година ќе ја завршиме со многу подлабока рецесија од предвидувањата на министерството за финасии од -4.4 %, истакна Лазаров.

Тој вели дека и последните предвидувања на ММФ кои беа минус 5.4%, но во нив не беа вградени проекциите за затворање и карантин во западна Европа и останати фактори кои се случија во последниот период, па по тоа последиците во економијата ќе бидат многу поголеми.

-Ние во делот на јавниот долг кој сега е над 60% го надминавме прагот и искрено не знам како ќе се задолжуваме дополнително за да можеме да ги сервисираме обврските, вели Лазаров.

Најнови вести