петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лазаров: Пациент да добие ПЦР тест државно е игра на брзи прсти за матичните лекари

Лазаров: Пациент да добие ПЦР тест државно е игра на брзи прсти за матичните лекари

Видете зборуваме за некоја сега груба бројка од 1.800 – 2.000 тестови преку сила што се прават на ниво на цела држава, кои што број на тестови треба да ги определите на 1.500 матични лекари без никаков систем на фер дисперзија на таа бројка на тестови. И буквално тоа е игра на брзи прсти, кој колега во моментов ќе биде пред компјутер кога ќе се појават некои термини за тестирање нешто ќе фати, а во спротивно 7-10 дена е реално време за чекање во кое што ние ако можеме ако има простор да закажеме ПЦР. Што е апсурд, истакна Ненад Лазаров во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија.

Лазаров додаде дека тоа значи дека пациент да се тестира државно најверојатно е да добие термин на крај од неговата клиничка слика.

„Се повеќе затајува и епидемиолошката служба по однос на изолации, луѓето се преоптоварени со работа. Ние вакво нешто во изминативе две години ваков наплив на пациенти не видовме“, нагласи Лазаров.

Најнови вести