сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лазаров: Според податоците на УЈП за месец април плата земале 30.000 граѓани помалку

Лазаров: Според податоците на УЈП за месец април плата земале 30.000 граѓани помалку

Интервју за емисија на телевизија МРТ имаше и Дарко Лазаров, претседател на комисија за економија при ВМРО-ДПМНЕ кој што посочи дека економската ситуација е загрижувачка бидејќи во време на Ковид-19 околу 15.000 граѓани останаа без работа, а сето тоа се должи на неспособноста на оваа влада да се справи со самата криза.

„Моменталната економска состојба е навистина загрижувачки поради пандемијата со Ковид – 19 вирусот меѓутоа и поради неадекватниот пристап во справување од страна на владата и од страна на останатите надлежни институции. Практично потврда за тоа се економските индикатори и параметри во последните неколку месеци. Практично за месец април имаме пад на индустриско производство за 40%, пад на извозот за 60%, речиси 0% стапка на економски раст. Меѓутоа навистина вториот квартал е прилично загрижувачки со оглед на тоа што имаме зголемување на бројот на невработени според АВРМ за 15.000 лица. Меѓутоа она што исто така е загрижувачки е тоа што практично според податоците на УЈП за месец април плата земале 30.000 граѓани помалку“, нагласи Лазаров.

Лазаров додаде дека пролонгирање на самата криза и неспособноста за спречување на ширењето на вирусот едноставно ќе ја продлабочи економската криза и на крајот на денот штетите ќе бидат на грбот на граѓаните. За жал тогаш ќе има се повеќе бркање на граѓани од работа. А компаниите соочени со кризата ќе се затворат.

Најнови вести