четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лазаров: Во 2008 година учеството на реализирани капитални инвестиции бил 12%, сега е 5% во услови на двојно поголем Буџет

Лазаров: Во 2008 година учеството на реализирани капитални инвестиции бил 12%, сега е 5% во услови на двојно поголем Буџет

Професорот по економија Дарко Лазаров, вечерва во Телевизија 24, истакна дека нискиот процент од 5-6% учество во Буџетот во реализација на капитални инвестиции е загрижувачки низок, квартално Владата инвестирала капитално само 45 милиони евра, а во 2008 година процентот бил до 12% учество со двојно помал Буџет на државата.

-Мене ме загрижува нискиот процент на реализација на капитални инвестиции што е една од најголемите слабости на ова Влада, овие четири години од 2017-2020 година заклучно со 2020 година, Буџетот на Македонија е за една милијарда повеќе и ако имаме една милијарда повеќе во апсолутен износ, мора да се инвестира и повеќе во капитални проекти, но за жал и покрај сите препораки на меѓународните финансиски институции кои велат дека во услови на криза треба да се инвестира во капитални проекти, а оваа Влада истото не го прави, вели Лазаров.

Тој посочи дека само оваа година заклучно со септември месец имаме реализација на капитални инвестиции во износ од 140 милиони евра, тоа се 45 милиони евра на квартална основа, но дури и да имаме на тие средства и во четвртиот квартал од годинава, тие би биле некаде до 250 милиони евра, а тоа е околу 5-6% од вкупниот Буџет на македонската економија.

-Само за компарација кога беше кризата во 2008 година, учеството на реализирани капитални инвестиции во Буџетот на Македонија тогаш бил 10-12%, а сега е половина од тој процент, во ситуација кога имаме двојно поголем Буџет на државата, истакна Лазаров.

Лазаров вели дека имаме системски структурни проблеми кои не можеме да ги решиме, и многу тешко ќе го иницираме развојниот процес во посткризниот период, како и тоа дека се зависи од креаторите на економските политики.

Најнови вести