Во денешната емисија „Еконмски факти“ на ТВ Алфа гостуваше претседателот на комисјата за економија при ВМРО – ДПМНЕ Дарко Лазаров кој кажа дека владата на СДСМ во изминатите 3 години не исполнила ништо од ветеното во делот на економијата и дека програмата која ја презентираат не нуди ништо ново освен препишани проекти кои не се реализирани .
– Нивната програма за овие парламентарни избори е дополнително препишување на тие ветувања кои што не ги исполнија во минатиот период како ветувањето за 0 % персонален доход за ИТ индустријата. Да ги потсетиме граѓаните дека во 2016 имаа ветување за намалување на персоналниот данок на 5 %. Сега ако вие не сте успеале во 3 години да го намалите тој данок на 5 % односно да го исполните тоа ветување кој е кредибилитетот да ветувате дека во наредниот период ќе го намалите на 0 % истакна Лазаров.
Тој дополни дека главните карактеристики на владата на СДСМ е неисполнување на голем број на ветувања како што се и реализација на капитални инвестиции, изградба на инфраструктура, железници и автопатишта и многу други проекти кои што во реалноста не се реализирани .